Франција испраќа носач на авиони на Блискиот исток

Франција ќе го распореди носачот на авиони ,,Шарл де Гол” и придружната борбена единица од јануари до април за поддршка на француските воени операции на Блискиот исток, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во обраќање кон војниците..

„Морнарицата ќе ја поддржува операцијата ,,Шамал” од јануари до април, пред да замине за Атлантскиот Океан и Северното Море“, рече претседателот во новогодишниот говор пред француските трупи.

Носачот на авиони „ќе биде во центарот на операциите на повеќе европски земји. За време на мисијата ќе биде придружуван од Германија, Белгија, Холандија, Шпанија, Португалија и Грција“, прецизира тој.

„Оваа европска сила, како што е и учество во мисијата на Балтикот, ќе ја зајакне трансатлантската врска и НАТО и е уште еден доказ дека европската одбрана и НАТО се два столба на иста куќа“, истакна тој.

Базата Мек 123 во Орлеанс каде што зборуваше Макрон е една од најголемите воздушни бази во Франција со 2.200 војници и цивили кои опфаќаат широк спектар на активности, вклучително и воздушен транспорт и специјални операции.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top