Фудбалерот на Баерн го издаде својот соиграч: Тијаго Алкантара му должи пари на Баерн

Иако професионалните фудбалери заработуваат многу пари, особено во последната деценија, се чини дека ѕвездата на Баерн Тијаго Алкантара сепак не заработува толку колку што мислат сите. Или пак, едноставно не сака да си ги подмирува долговите..

Бидејќи, нема друг начин да се објасни зошто шпанскиот репрезентативец останал должен на клубот, односно на клупскиот фан шоп. Целата „афера“ ја откри Хуан Бернат преку својот Инстаграм профил.

Левиот бек на Баерн објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како некој на шпанскиот репрезентативец му оставил порака на шофершајбната дека мора да го подмири својот долг.

Не е познато колку Тијаго е должен во клубот, но по ваквото јавно посрамотување веројатно следниот пат два пати ќе размисли дали ја платил сметката, особено во клубот во кој настапува.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top