Ѓорѓиевски: Кога мајката на Пино бараше правда за нејзиниот син МВР молчеше, сега беше приведена од ордите на Деспотот

Кога мајката на Пино бараше правда за нејзиниот син, МВР молчеше, обвинува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ..

Неговиот статус, објавен по вчерашното приведување на Маја, го пренесуваме во продолжение: 

„Кога тоа му го кажа на Заев, тој ја пријави во МВР.

Денес кога таа скандираше МАКЕДОНИЈА , беше приведена од ордите на Деспотот и неговиот слуга Оливер Спасовски.

Македонија стана земја во која поради изговарање на нејзиното име, луѓето ја губат слободата.

Имаме полошо од заробена држава, имаме украдена држава.

Македонците се третираат како граѓани од втор ред, а прогонетите лежат во затвори.

Треба да знаат луѓето од власта дека ако за нив името МАКЕДОНИЈА е срам, за мене и за илјадници други е светост и должност.

Спасовски, Деспотот и неговите орди треба да знаат дека нашето име е свето, и ако денес пробавте да ја замолчите мајката на Пино, ние ќе продолжиме каде таа застана, а кога народот ќе дојде по своето, ќе научите дека нема вечна власт, исто како што нема вечна сила.

Единствена сила во оваа земја е народот, а нашата кауза Македонија“ - пишува тој!


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top