Го бараат Реал и Барса, но Раиола го нуди Пoгба на друг клуб

Деновиве се позасилени се најавите дека Пол Погба веќе заврши со Манчестер Јунајтед, па уште од сега иако сезоната не е завршена се наоѓа на трансфер листата на Жозе Мурињо..

За Французинот се чини повеќе нема иднина на „Олд Трафорд“, па веќе се шпекулира со тоа каде би можело да ја продолжи карирата.

Веќе од претходно со Погба се поврзува Реал Мадрид, а од пред неколку дена излезе информацијата дека и Барселона се вклучува во трката за потпис на овој фудбалер.

Но најновите информации на англиските медиуми велат дека агентот на фудбалерот, Мино Раиола има други планови. Наводно тој веќе го понудил на ПСЖ за сума од 89 милиони фунти.

Но „светците“ ќе имаат проблеми со финансискиот фер-плеј сооглед на тоа што минатото лето потрошија еден куп пари за Нејмар и Мбапет.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top