Голем број деца без раце родени во Франција, државата отвора истрага

Француската влада одлучи да отвори нова истрага за децата родени без раце во неколку департмани, рече денеска министерката за здравство Ањес Бузин, при тоа додавајќи дека е неподносливо тие случаи да останат нерасветлени..

– Со министерот за еколошка транзиција, Франсоа де Руги, решивме да ја обновиме истрагата за лекарите и експертите за животна средина”, рече министерот, пренесуваат француските медиуми.

Во Аин се родени седум деца без раце од 2009 до 2014 година, во Лоара Атлантик три во 2007 и 2008 година, а во провинцијата Бретања четири деца од 2011 до 2013 година.

Овие случаи отсекогаш биле регистрирани во релативно потесна област и предизвикале загриженост во овие области. Првата истрага спроведена од страна на санитарната агенција Public Health of France заклучи во почетокот на октомври дека случаите во Аин биле статистички во рамките на националните граници.

Сепак, не се најдени објаснувања за малформации во Лоара-Атлантик и Бретања.

Министерката Бузин рече дека за една година во Франција се родени “помеѓу 80 и 100 новороденчиња со малформации на екстремитетите”. Причините можат да бидат генетски или последица на изложеност на токсични супстанции (диета, животна средина или лекови како што се талидомид, седативи и аналгетици кои им биле препишани на бремени жени во периодот од 1957 до 1962 година, поради кои илјадници деца се родени без раце).


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top