Градоначалникот на Кајахога Фолс во Охајо, Дон Валтерс го прогласи 2-ри Август за ден на Македонската Република во овој град

Градот Кајахога Фолд близу Акрон во Охајо го прогрласи Илинден за ден на Македонската Република во овој град..

Прокламација

Денес, на 2-ри Август, нашите македонски Американци, го одбележуваат македонскиот празник, Ден на Републиката или Илинден (Празник на Свети Илија). Денот одбележува два големи настани во македонската историја – Илинденското Востание во 1903 против Османлиската Империја, и првата република на АСНОМ во 1944, која што го постави темелот за основањето на првата демократска република во југоисточна Европа; и

Додека, Клубот на македонските бизнисмени е овластен во градот Кајахога Фолс. Охајо, и се стреми да ги обедини македонските Американци со признавањето и овековечувањето на македонското културно наследство, додека обезбедува поддршка за комерцијалните и социјалните интереси на членовите во македонската заедница; и

Додека, градот Кајахога Фолс има корист од нашите вредни и енергични македонски американски граѓани, кои што ги одгледуваат нивните семејства со силна работна етика и вредности и ги поттикнуваат нивните деца да ги следат нивните соништа, кое што резултира во многумина кои што пораснале да бидат истакнати лидери и сочувствителни јавни службеници.

Сега, затоа, , Јас, Дон Валтерс, Градоначалник на градот Кајахога Фолс, Охајо, го прогласувам 2-ри Август, 2020 како:

ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА

во градот, додека нашите македонски-американски пријатели го прославуваат овој важен празник, и, во име на сите граѓани, ви ја изразуваме нашата добра волја и пријателство до вашата заедница, и со тоа ја признаваме вредноста која што македонските Американци ја донесоа во овој град и држава.

Во Прокламацијата, јас го ставив Печатот на Градот Кајахога Фолс, Охајо, на овој 15-ти ден во Јули во годината 2020.

Градоначалник Дон Валтерс
Град на Кајахога Фолс



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top