Граѓаните платиле по 11 илјади евра за работник во странските компании

Владата потрошила 225 милиони евра за 10 години на 25 странски компании кои вработиле 20 илјади лица. Еден вработен ја чинел државата 11 илјади евра..

Државата се откажала од 69 милиони евра ослободување од данок и царини. Не постоеле критериуми за преговарање. Преговарале советници министри и потоа ги класифицирале документите. Договорите се уште се валидни и активни, информираше денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на презентацијата на „Анализата на трошоците – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија период од 2007 до мај годинава.

Од тие 20 илјади вработувања не се сите нововработени. Поголемиот дел се вработени преземени од македонското стопанство. Од компаниите само 1% од набавките ги правеле од македонски компании.

Бошњаковски не знаеше колку е просечната плата на вработените во тие компании За некои компании се трошеле 1000 евра, за некои 11.000 евра немало критериуми за поделба на парите.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top