Грчките медиуми за оптимизмот за решавање на спорот, кампањи против терминот Македонија

Последните случувања во македонско-грчките односи заземаат централно место во сите грчки медиуми..

Додека медиумите го пренесуваат оптимизмот на премиерот Зоран Заев дека спорот би можел да се реши во 2018, грчки организации во исто време покренаа кампања против какво било име што ќе го содржи терминот Македонија.

„Контакти на високо ниво за скопското прашање“; „Разговор на премиерот на Скопје со Ципрас и Коѕијас“; „Заев: има волја за решение“; „Оптимизам за решение на името“ – се дел од вчерашните наслови во грчките медиуми, кои ги пренесуваат изјавите на премиерот Зоран Заев од прес-конференцијата на првиот работен ден годинава.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top