Гризман не се појави на тренингот на Атлетико, ќе добие парична казна

Ситуацијата со Антоан Гризман уште не е решена, тој и натаму е играч на Атлетико Мадрид, но не се појави на стартот на подготовките на својот клуб..

Поради тоа Атлетико му одреди казна која изнесува од 3 до 5 илјади евра на ден, а ако покаже и други знаци на недисциплина може да го казни и со 4% од неговата плата.

Гризман одговори преку својот адвокат, но раководството на Атлетико смета дека Французинот покажал непочитување кон клубот и затоа треба да ги сноси последиците.

Тој има договор со Атлетико до 2023 година, за него во моментов е заинтересирана Барселона, но преговорите уште не се завршени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top