ХАКЕРИ ВО РУСИЈА ИЗВРШИЈА ГОЛЕМ УДАР ВРЗ СЕНАТОТ НА САД

Со месеци, хакерите подготвуваат кампања за шпионажа против Сенатот на САД , се наведува во извештајот на Асошиетед прес, наведувајќи го извештајот за сајбер безбедноста на Тренд Микро..

Хакерската група, наречена Фенси мечка (Fancy Bear), која треба да биде поврзана со наводното мешање на Русија на претседателските избори во 2016 година, “се подготвува  повторно да влијае врз јавното мислење “, предупреди Тренд Микро.

Компанијата   го базира својот извештај врз сајтови со сомнителни изгледи дизајнирани да изгледаат како внатрешен e-mail систем на американскиот Сенат. Се покажа дека сајтовите беа креирани од Fancy Bear и се идентични со локации за мамка кои очигледно се создадени за собирање пораки од изборниот штаб на тогашниот  претседателски кандидат на Франција, Емануел Макрон, во април 2017 година.

ФБИ не пријави стотици жртви на руски хакери поврзани со Кремљ

Ниту еден од американските претставници не беше предупреден од ФБИ

Откривањето на овие сајтови беше проследено со необјасниво објавување на приватни пораки од неколку вработени на Macron во последните денови од претседателската трка.

Тренд Микро одби да шпекулира јавно за тоа кој стои зад овие хакерски групи, но американските специјални служби тврдат дека зад Фенси мечката стои Кремљ .



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top