Хилари: Медиумите го поттикнуваат насилството врз женските права

Жените политичарки се соочуваат со насилство во врска со женските права, што е поттикнато од социјалните медиуми кои наградуваат насилни постови и теории на заговор, изјави поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон..

На собир во центарот на Лондон, каде ја претставуваше книгата за женските лидери што ја напишала со својата ќерка Линдзи, Клинтон кажа дека жените под стогото око на јавноста и натаму се соочуваат со тоа како изгледаат и со притисокот да се однесуваат пристојно и кротко, пренесуваат британскаите медиуми.

Хилари Коинтон ова го кажа откако голем број жени во британскиот Парламент соопштија дека нема да се кандидираат на претстојните избори, закажани за 12 декември, бидејќи добиле бројни закани и вознемирувања преку социјалните мрежи.

– Постои реакции врз многу успешни жени и на улогата на жената сега. Мислам дека тоа го поттикнаа социјалните мрежи на многу деструктивен, токсичен начин – рече Клинтон.

Таа кажа дека е оптимистина за идните политички кандидатки и за остантите кои ќе посегнат кон сферите во кои доминираат мажите, но дека се потребни промени за да се обезбеди тие да имаат еднакви шанси за успех.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top