Хојт Ји поднесе оставка од местото помошник заменик државен секретар на САД за Европа

Хојт Ји си заминува од функцијата заменик-помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања соопшти денеска Стејт Департментот..

Тој на функцијата беше назначен во 2013 година, а според некои информации за негов наследник се споменува некогашниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, Џонатан Мур.

За своето заминување од функцијата американскиот дипломат ги информирал и неговите колеги. Сепак, непознатато е каде Хојт Ји ќе ја продолжи својата кариера.  Иако неговото име се поврзуваше со амбасадорската функција во Македонија, српскиот весник Блиц денеска пишува дека тој би можел да застане на чело на американската амбасада во САД.

Весникот пишува дека според нивни информации од дипломатски кругови во Белград, бидејќи мандатот на актуелниот американски амбасадор во Скопје, Џес Бејли трае до ова лето, до тогаш и официјално ќе биде познато каде ќе биде поставен Ји, додава „Блиц“, оценувајќи дека евентуалното негово именување во Сараево би имало многу поголемо влијание на односите со Србија поради релациите Белград-Бања Лука.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top