Хрватите масовно си ја напуштаат татковината - секој петти Хрват мигрира

Хрватска, после Малта, има најголема стапка на миграција во Европската Унија, покажува најновиот извештај на Светската банка под називот „Миграција и одлив на мозоци во Европа и средна Азија“..

Во извештајот се наведува дека Хрватска досега ја напуштиле 21,9 отсто жители, односно дека петтина граѓани кои се родиле во таа земја сега живеат надвор од неа. Зад Хрватска се Португалија и Литванија кои ги напуштиле повеќе од 20 отсто од популацијата.

Високата стапка на миграција претставува голем проблем за многу земји, особено во смисла на одлив на мозоци, пренесува Индекс.рс

Високообразованите лица прават дури 55 отсто од вкупниот број на мигранти од Босна и Херцеговина, повеќе од 40 осто од Ерменија и Летонија, а скоро 40 отсто во Албанија. Во Хрватска одливот на мозоци е помал од тие земји, но и понатаму значајно висок – околу 27 отсто.

Две третини од сите мигранти во светот се наоѓаат во економски развиените земји на Северна Америка или западна и источна Европа. Уделот на мигрантите во западноевропските земји посебно се зголеми во последните четири децении.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top