„Huawei“ би можел да добие казна поради прекршување на GDPR

Huawei може да биде првиот производител на паметни телефони и телекомуникациски уреди кој ќе биде казнет поради непочитувањето на GDPR..

Проблемот за компанијата започнува со менаџер на Huawei кои работел како претставник за Европа во Диселдорф. Поранешниот претставник, најпрво ги побарал од Huawei податоците кои компанијата ги чува за него, а откако компанијата не одговорила на ова барање истото го побарал по судски пат. На 5 март судот одлучил дека со неодговарањето на барањето Huawei го прекршува Европскиот закон за приватност, пишува Politico.

Тужителот во овој случај побарал да остане анонимен, иако станува збор за повозрасен вработен кој бил на менаџерска позиција во компанијата.

Одговорот кој го добил е дека податоците кои ги побарал не можел да ги добие бидејќи се избришани. Сепак судот одлучи дека компанијата мора со корисникот да сподели податоци за категориите на податоци кои ги чува, како и начинот на кој ги употребуваат овие податоци.

Huawei на својата веб страница тврди дека ги почитува сите правила и закони вклучувајќи го и GDPR. Компанијата не изнесува лични податоци на корисниците надвор од Европа, а ако го прави тоа тогаш ги изнесува овие податоци исклучиво според правилата. Еден од проблемите е што не постои начин на кој овие податоци легално би биле префрлени во Кина со оглед на тоа дека Европската Унија и Кина немаат договор за трансфер на податоци.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top