Хуманоста на дело: Жена спаси коала од пожар во Австралија

Досега во пожари животот го загубија 350 коали, а уништен е и голем дел од нивното природно живеалиште..

Жена од Австралија во последен миг успеа да спаси коала од шумски пожар во Нов Јужен Велс. Како што може да се види од снимката, жената ја видела закачената коала на дрво, не можејќи сама да се спаси од раширениот пожар.

Таа го спаси животното од сигурна смрт, го симна од дрвото, го замота во нејзината кошула, а потоа го изми со вода. Коалата има бројни изгореници на телото, а нејзините шепи се целосно изгорени. Моментално е во ветеринарна болница и е во тешка состојба, пренесува Guardian.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top