Ибрахимовиќ за МЛС лигата: Тука сум како Ферари наспроти Фиат

Еден од најдобрите напаѓачи на 21. век Златан Ибрахимовиќ даде сосема искрено интервју за „ЕСПН“ во кое зборуваше за квалитетот на МЛС лигата..

За потсетување, Ибрахимовиќ повеќе од една година настапува во САД во дресот на ЛА Галакси, а претходно кариерата во Манчестер Јунајтед започна да му оди во надолна линија поради исклучително тешката повреда.

Оваа сезона Ибрахимовиќ на 16 меча постигна 13 гола и додаде три асистенции што му помогна на неговиот тим да дојде до 3. позиција на Западот.

Сепак, тој е мошне реален и вели дека МЛС лигата нема ни приближно квалитет како некоја европска лига во која настапувал.

„МЛС не е на европското ниво, да бидам искрен. Претходно играв со играчи или беа на мое ниво или блиску до него. Тоа помага играта полесно да се поврзува. Тука, јас сум како Ферари наспроти Фиат. А, може да се случи Ферарито да стане Фиат, или Фиатот да стане Ферари“, вели Ибрахимовиќ.

„Истиот проблем го имав и во националниот тим, но можеби не во толкави размери. Реков, не го прифаќам тоа. Не ја прифаќам ситуацијата кога топката не доаѓа до мене или кога доаѓа предоцна. Сакав тие да дојдат на моето ниво. Сето ова малку ме забави. Играта тука во Америка може да биде многу побрза, многу тактички подобра и со многу повеќе ритам“, изјави некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Интер, Јувентус, Милан, Барселона, ПСЖ, Ајакс...


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top