ИЦО НАЈДОВСКИ ПЕРИН: Двесте години наспроти две!

Првите ‘ркулци за создавање на нации – држави започнаа со Француската револуција во 1789 год., а започнале Франција и Англија. По примерот на францускиот и англискиот народ тргнале многу народи во Европа кои создале свои нации и држави..

На Балканот се формирале Грција, Србија, Романија и Бугарија а во 1912 год големите сили ја создале и Албанија. За жал Македонија била оставена како плен на соседните држави со Берлинскиот Конгрес 1878 год и Букурешкиот договор 1913 год. Во документите се вели дека соседните држави меѓусебно си поделиле Отоманска територија а не етнографката територија на Македонците. Инаку, големите сили знаеле за македонскиот народ и Македонија, но за нив поважни им биле нивните геополитички стратегии и влијанија во тој период кои воопшто не се различни од денешните.

Кога велам „двесте години наспроти две“ мислам на двестегодишната макотрпна борба на македонските преродбеници и создавачи на македонската модерна нација и држава, наспроти Заевите две години лесна и глатка распродажба и откажување од се’ што е македонско создадено со маки, борба и жртви. Треба да забележиме дека Заев не е сам во разнебитувањето на македонската нација. Тој со него има една глутница среброљупци – лица на кои поважни им се парите од нацијата и државата.

(Не)знам кои му беа заевите ментори, знам и дека во 2016 год македонската нација и Македонија вртоглаво започнаа да се разнебитуваат во Берн, Швајцарија каде што беше обзнанен планот на Заев пред албанската дијаспора. Имено, во Берн Заев отворено кажа дека ќе создаде двојазична држава, ќе ја поништи историјата на македонскиот народ за да се смири со соседите и ќе гледа само напред во (не)биднината. Не помина долго време на Божик, 2017 год., албанските политичари ни го испратија „Божикното послание“ преку Тиранската платформа. Истата содржи 7 точки преку кои јасно се бара двојазичност на Македонија. Тиранската платформа е исполнета до крај и сега претставува отворена порта за федерализација на Македонија. Албанскиот јазик е во употреба онолку колку што е и македонскиот јазик со исклучок на меѓународно ниво. Но и таму се употребува албанскиот јазик, а за тоа сведоци не сите ние.

Разнебитувањето на Македонија и македонската нација продолже со добрососетскиот договор на Македонија со Бугарија. Договорот со Бугарија не ништо друго туку капитулација на Македонија затоа што со тој договор македонскиот народ и бугарскиот народ имаат заедничка историја и минато. Не знам како некој од советниците – историчари не го стопираше Заев и да му кажи дека „Оној кој го контролира минатото ја контролира иднината“. Уште во преамбулата се вели дека ние и бугарите имаме заедничка историја. А зарем е тоа можно? Сигурно дека не е. Не може два посебни народи да имаа една историја или две мајки да родат едно дете. И како тоа да беше малку во член 11 од договорот Македонија се откажа и од Македонците во Бугарија. И на крај од договорот се вели дека е потпишан на Бугарски јазик и уставниот јазик на Македонија. Кога Договорот ќе го сумираме во две реченици за Бугарија во Македонија не постои македонски народ, Македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија, а тоа ќе реше дека македонскиот народ не поседува сопствена историја. Како доказ за тоа е откажувањето на Македонија од браќата Кирил и Методија, Св Климент и Наум, царот Самоил, Прличев а сега се преговара за Илинденското востание и Делчев. Не е спорно дека политичкиот врв на Северна Делчев го сметаат дека е бугарин. Зарем е можно? Да можно е. И трагедијата да е поголема во преговорите за Делчев учествуваат историчари, предводени од академик Драги Георгиев, кои наместо да станат од столчињата и да ја напуштат комисијата за историја тие упорно и удобно уживаат во тињата која ја газат.

Смртоносниот удар на македонската историја, нација и држава и беше зададен со Преспанскиот договор на 17 јуни 2018 година. Договорот е едностран, асиметричен и расплоснат на 19 страници. За мене тоа не е договор туку нов устав на нова држава, нова нација, нова историја и ново име Северна. Ваков капитулантски договор не забележала светската историографија. Да се анализира Преспанскиот договор потребни се илјадници страници. Овде ќе кажеме дека Заев со неговата политичка врхушка изврше етноцид на Македонскиот народ помогнат од мала глутница хиени и дел од македонскиот народ кој е работ на својата егзистенција.

На крајот да заклучиме дека со Тиранската платформа, Бугарскиот договор и Преспанскиот договор разнебитена е македонската нација и јазик. А колку време ќе издржиме тоа зависи од нас македонците, уште повеќе од интелектуалците кои мора да се први на браникот на Македонија, Македонскиот јазик, историја, традиции. Од ова што го доживеавме во овие дбе години ќе заклучиме дека „Онај кој ја контролира сегашноста го контролира минатото“. А за соседните држави слободно можам да го кажам истото што го кажал Лордот Палмерстон: „ ние немаме вечни сојузници и немаме вечни непријатели. Вечни се нашите национални интереси кои секогаш треба да ги следиме“.

Ицо Најдовски Перин

Мелбурн, 28. 07. 2019 година


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top