Играч на Манчестер Сити заслужен за трансферот на Фабињо во Ливерпул

Играчот на Манчестер Сити Бернардо Силва е заслужен за трансферот на Бразилецот Фабињо во Ливерпул..

Тој на својот поранешен клупски колега од Монако Му кажал како било фантастично да се игра на Енфилд.

– Тој ми зборуваше колку луѓето во Ливерпул живеат и дишат за фудбалот. Бевме вистински пријатели во Монако и тој таму беше еден од најдобрите играчи. Јас сум среќен што тој ја освои титулата во Премиер лигата. Му посакувам многу индивидуален успех оваа сезона, но не и титулата! – изјави Фабињо.

Трансферот на Фабињо во Ливерпул се случи на почетокот на преодниот рок и беше изненадување за многумина како тоа Јирген Клоп обезбеди играч од средината на теренот. Но, по се изгледа Силва бил „клучниот играч“ за трансферот во редовите на Ливерпул.

Фабињо е неизвесен дали денеска ќе настапи против Вест Хем во 1.коло бидејќи изминативе денови беше болен и тренираше со намален интензитет.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top