Играчот на Ливерпул со моќна порака до Рома: Не сме ви ние Барселона!

Хрватскиот репрезентативец во редовите на Ливерпул, Дејан Ловрен им порача на фудбалерите на Рома да се откажат од пласман во финалето од Лигата на шампионите..

Премиерлигашот славеше со 5:2 во првиот меч на домашен терен и со огромна предност ќе патува во Рим идната недела.

„Рома против Барселона покажа квалитет, верба во себе и способност да направи пресврт. Но, ние не сме Барселона”, порача Ловрен.

Ливерпул можеше да обезбеди многу поубедлива предност бидејќи во пресрет на последните десет минути водеше и со 5:0.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top