Илјадници Каталонци на нов протест во Барселона

Шпанскиот премиер во технички мандат Педро Санчез изјави дека владата на насилството ќе одговори „цврсто и смирено“..

Десетици илјади Каталонци протестираа синоќа во Барселона, трет ден по ред, и се судирија со полицијата, изразувајќи протест поради долгите затворски казни на кои Врховниот суд на Шпанија осуди деветмина каталонски сепаратисти. 

Во досегашните протести биле повредени околу 200 луѓе. 

Директорот на каталонската полиција Пере Ферер изјави дека се очекувале нови судири со радикалните сепаратисти во наредните денови.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top