ИНТЕГРА поднесе тужба против Христијан Мицкоски, бара 100.000 евра кои би биле донирани во хуманитарни цели

Од партијата Интегра, нејзиниот претседател Љупчо Ристовски, денеска поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски..

Ристовски рече дека Мицкоски изнел лаги, клевери и инсинуации на официјална прес конференција против претседателот Ристовски, нарушувајќи го угледот, авторитетот и честа во јавност.

„Денес, поднесовме тужба против Христијан Мицкоски, кој во својство на претседател на опозициската ДП*НЕ изнесе лаги, клевети и инсинуации на официјална прес конференција против лидерот на ИНТЕГРА д-р Љупчо Ристовски и со тоа го наруши угледот, авторитетот и честа во јавност. Оштетно побарување од 100.000 евра, доколку се добие тужбата, ќе биде наменета за поддршка на Здруженија за дечиња со посебни потреби.Пораката е дека на јавна политичка сцена секој, особено лидери на партии да престанат да сејат лаги и клевети и на тој начин да го разоруваат македонското национално ткиво.Длабоко вгнездените удбашки структури во ДП*НЕ веќе 30 години зад завеса ја раководат оваа политичка партија, која забрзано го губи приматот врз македонскиот национален стратегиски интерес“, соопштија од Интегра.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top