Интер е во незавидна ситуација, Икарди ќе им го уништи летото!

Мауро Икарди ќе се појави на прозивката во Интер, а италијанските медиуми пренесуваат дека тој нема намера да го напушти клубот, освен ако не го пуштат во Јувентус..

„Бјанконерите“ чекаат, наводно директорот Паратичи контактирал со Ванда Нара, а Јувентус ќе чека додека Интер не дојде во безизлезна ситуација.

Не постои решение, бидејќи Интер мора да го продаде Икарди со цел да го плати обештетувањето за Лукаку.

„Нероазурите“ за Икарди бараат 70 милиони евра, но истата може да биде намалена на 50 милиони, плус играч како Квадрадо или Манџукиќ, но Јувентус смета дека Аргентинецот не вреди толкава сума на пари и дека на крајот Интер ќе мора да прифати сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.

За Јуве Икарди не е приоритет, дури ако си замине Игуаин, како и Манџукиќ, ќе бараат напаѓач, иако го имаат Кин, а преговараат и со Кјеза.

Сари го гледа Роналдо како класичен напаѓач, но прашање е дали Португалецот ќе ја прифати таа улога.

Во секој случај, Икарди чека, не верува дека клубот ќе ризикува да го остави на трибините, на крајот ќе мора да се пронајде некакво решение…

Вториот проблем се однесува на Наинголан. И него Конте сака да го избрка, но Белгиецот не го сака никој. Тој не сака да оди во Кина, ниту во Америка, плус обештетувањето од 40 милиони евра од минатата година (плус Заниоло) значи дека Интер би морал да се соочи со огромни губитоци ако го продаде под цената.

Клубот е блокиран, проблеми има и околу Џеко, Италијанците пишуваат дека Конте го губи трпението, но Кинезите се јасни, мора да се продава за да се купува.

Барела го избра Интер, но Каљари не се откажува од барањата, покрај тоа имаат понуда од Рома за италијанскиот репрезентативец.

Очигледно дека погрешните избори од минатото, но и ситуацијата околу Икарди и понатаму имаат последици по „Нероазурите“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top