Интерпол ќе испрати меѓународен тим на експерти во Бејрут

Меѓународната организација за криминална полиција (Интерпол) ќе испрати меѓународен тим експерти во Либан да работат на идентификација на жртвите од експлозијата во Бејрут..

Во соопштението на Интерпол се вели дека меѓународен тим на експерти ќе биде испратен за да ги идентификува мртвите по барање на либанските власти.

Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека Интерпол би можел да им помогне на службените лица и ќе продолжи да ја обезбедува целата неопходна помош за Либан.

Експлозија во Бејрут на 4 август, според податоците обезбедени од министерот за здравство Хамад Хасан, уби 154 лица и повредени околу 5.000.

Претходно, гувернерот на Бејрут, Марван Абуд изјави дека штетата предизвикана од експлозијата е проценета на десет до 15 милијарди долари, можеби дури и повеќе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top