Инвестиции за водоводни и канализациски системи

Државата најави инвестиции од 17 милиони евра во водоводните и канализациски системи во 20 општини низ државата..

Дел од средствата се предвидени во Буџетот, а дел од Европската инвестициска банка. Во тек е и реализација на водоводни и канализациони проекти во вредност од 11 милиони евра. Со овие инвестиции се очекува процентот на покриеност со канализациони и вооводни мрежи од сегашните 18, да се зголеми на 40 проценти.

„На располагање остануваат уште 12 милиони евра неискористени средства од кредитната линија од ЕИБ. Затоа ги повикуваме сите општини кои се уште имаат на располагање средства да побрзаат да достават готови проекти до министерството за да можеме да ги реализираме“, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top