Инжинерот Марјан Николовски Создаде Софтвер за Претворање во Говор на Пишаниот Македонски Јазик

Марјан Николовски направи врвен технолошки пробив од огромна важност и значење за Македонија со прв софтвер од ваков вид со кој пишаниот текст на Македонски јазик автоматски се претвора во говор..

Софтверот е готов и може веднаш да се користи на страницата https://maika.mk/ а најавата на МАИКА софтверот на Марјан Николовски на Linkedin ја пренесуваме во целост:

Денес сакам да го објавам нашиот најнов производ „МАИКА“, кој ми е посебно при срце поради вредноста која ја носи за нашата земја.

Софтверот „МАИКА“ е бесплатна алатка којашто претвора текст на македонски јазик во говор. „МАИКА“ е следниот логичен исчекор што ќе придонесе кон збогатување на алатките и инфраструктурата на македонскиот јазик.

Би сакал да му се заблагодарам на тимот, соработниците, пријателите и семејството за несебичната поддршка која помогна да го реализираме проектот.

Ви посакувам убав ден! Срдечен поздрав, Марјан


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top