Иран тврди дека може да обогатува ураниум и до 60 проценти

Иран има капацитет за збогатување ураниум до 60 проценти, изјави денеска портпаролот на иранската агенција за атомска енергија , што е повеќе од потребно за цивилни цели, но сепак е далеку од 90 проценти потребни за производство на нуклеарнa бомба..

„Организацијата има капацитет за збогатување ураниум од 5, 20 дп 60 проценти“, рече портпаролот на АЕИО, Бероз Камалванди на прес-конференција во нуклеарната централа „Фордоу“, јави новинската агенција ИРИБ.

„Во моментов има потреба од 5 проценти“, додаде Камалванди.

 Врховниот лидер на Иран, Али Хаменеи, минатиот месец рече дека Исламската Република никогаш не се обидела да гради и користи нуклеарно оружје, што религијата им го забранува.

Иран во четвртокот објави дека продолжи со збогатување на ураниум кај „Фордоу“, оддалечувајќи се подалеку од нуклеарниот договор во 2015 година со светските сили, откако Соединетите држави решија да се повлечат од договорот.

Договорот забранува производство на нуклеарно оружје во Фордоу, високо чувствителна област што Иран ја криеше од инспекторите на ООН до 2009 година.

Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утре ќе го посетат Фордоу, објави Камалванди.

Во мај, Иран започна да ги надминува границите договорени со договорот како одмазда за притисоците на САД врз Техеран да преговара за ограничувања на програмата за балистички ракети и поддршка за силите за посредување во Блискиот исток.

Иран вели дека ќе ги повлече своите мерки ако европските потписнички на договорот успеат да го вратат пристапот до надворешната трговија со Техеран, што беше блокирано со наметнување санкции од САД.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top