Ирма пост фестум: 55 жртви и неколку години опоравување

Како последица од ураганот Ирма досега на Флорида загинаа 12 лица, со што вкупниот број на жртви се искачи на 55..

Портпаролот на гувернерот на Флорида, Мекинли Луис, објави дека шест лица загинале во сообраќајни несреќи, четворица при подготовките за невремето, едно лице загинало од струен удар, додека друго од срцев удар.

Во Јужна Каролина загинаа четири лица, а во Џорџија две.

Според официјалните податоци, на Карипските Острови загинаа 37 лица.

Иако сега има размери на тропска бура, последиците од ураганот се огромни: разурнати се домови, а милиони луше се без струја и вода. Се проценува дека опоравувањето ќе трае неколку години.

За собирање на средства за враќање на нормалниот живот, најпознатите американски филмски и музички ѕвезди организираа Телетон. Во акцијата „Рака в рака“ меѓу останатите учествуваа Денис Квејд, Бијонсе, леонардо Ди Каприо, Дени Девито, Шер, Опра, Џастин Тимберлејк.

Белата куќа најави дека претседателот Доналд Трамп утре ќе ја посети Флорида.

Карибите вчера ги посети францускиот претседател Емануел Макрон. Тој рече дека приоритет е враќање на нормалниот живот, а средства има.

-Цела Франција е со оние кои изгубија се, со нивните најблиски, со жртвите и оние кои страдаат, рече Макрон.

Со неговиот авион беа донесени тони храна, вода и лекови, а пристигна и тим од лекари.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top