Исчезна синот на Зоран Илиев Роџер!

На својот фејсбук профил Зоран Илиев објави дека неговиот син е исчедзнат.

„Исчезнат е нашиот син Давид Илиев. Ние, неговото семејство не можеме да направиме ништо оттука, во Австралија. Затоа, апелираме до сите кои сте од Скопје да го побарате Давид и доколку го видите, да го задржите и да не побарате на телефоните: 071229903 или 075363665.

Помогнете ни да го лоцираме нашиот син кој го напуштил домот на неговите баба и дедо и ги оставил сите свои лични документи, пари и писмо поради кое се сомневаме дека е во состојба во која може да си наштети себеси“.

На Фејсбук профилот на Зоран Илиев е споделен и следниот пост:

„Оставете се и почнете да го барате Давид! Почнете од Вардар, кејот на Вардар околу Аеродром, околните паркови во Аеродром и да го превртиме цело Скопје! Ве молам, ургентно е, можеби од нас зависи се во моментов! Момчето, за жал, било во депресија во последниов период. Исчезнат е од утринава од 10 часот во населба Аеродром! Пријавено е во полиција, но според законите полицијата ќе чека да изминат 24 часа! Затоа ќе мора да реагираме сите ние ВЕДНАШ!

Да станеме сите и да ја почнеме потрагава! Му требаме на семејството!

П.С. Не го вознемирувајте семејството непотребно, освен ако немаме сигурна информација, ве молам! Доколку имаме некое инфо јавете на 071229903 или 075363665.“


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top