Исмајловска: Ме прашаа дали сум подготвена да гласам за промена на името

ВМРО ДПМНЕ подготвувал терен за промена на името на земјата уште пред изборите во 2014 година. Ова го тврди пратеничката Нола Исмајлоска-Старова..

Исмајлоска во емисијата 360 степени на Алсат изјави дека пред изборите во 2014 година, од партиското раководство, како услов за да стане пратеник бил поставена подготвеноста да се гласа за промена на името.

Исмајлоска рече дека сето тоа им е познато на сите пратеници и побара од нив да признаат. Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ги негираа овие информации. Оттаму вела дека едиинствен услов кој се барал од нив е да прифатат два принципа:

„Да се почитува изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ врз основа на која гласачите ја дадоа својата доверба и честа да бидат пратеници на народот. И второ, во однос на македонските национални работи, почитувајте ја волјата на народот на референдум организиран со закон. “

Во емисијата 360 степени гостуваше и пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Таа изјави дека нејзе не и било поставено ова прашање, бидејќи била дел од партиското раководство. Но, таа има забелешки кон актуелното раководство на партијата и кон лидерот Христијан Мицкоски, бидејќи како што вели, едно зборува пред странците а друго пред граѓаните.

Исмајловска и Рангелова изјавија дека не очекуваат да бидат на ниту една листа на кандидати за пратеници, на претстојните предвремени парламентарни избори.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top