Историски ден во Формула 1: Хамилтон е нов шампион, една титула му треба да го стигне Шуми

Шеста титула во Формула еден за британецот Луис Хамилтон.

Луис Хамилтон од денеска е втор најуспешен возач во историјата на Формула 1. Победата во Остин ја оствари неговиот тимски колега Валтери Ботас, а до триумфот дојде откако во финишот го претрка токму Хамилтон.

Оваа титула му е шеста на Хамилтон, а му недостасува само уште една титула за да го стигне легендарниот Михаел Шумахер, кој освои седум возејќи за Бенетон и Ферари во 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003 и 2004 година.

Идната сезона би можела да биде историска бидејќи на возачот на Мерцедес му недостасуваат уште осум победи за да го достигне рекордот за најмногу победи во историјата на Формула 1, кој исто така го држи Шумахер, со 91 победа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top