Италија стравува од терористички напади, ги јакне безбедносните мерки

Италија ќе ги зајакне безбедносните мерки за да избегне напаѓачот врз џамиите во Нов Зеланд да добие свои „следбеници“ во земјата, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Лига Матео Салвини..

„Одборот за стратегиска антитерористичка анализа одржа утринава вонредна седница, откако во двете џамии во Нов Зеланд се случи терористичкиот напад“, соопшти кабинетот на Салвини.

„Нема никаква врска меѓу напаѓачот и Италија, но нашите служби се внимателни и го следат развојот на ситуацијата. Донесени се насоки во согласност со кои ќе се зголемат мерките на надзор за да се избегне опасноста извршителот на нападот да добие следбеници и да се избегне можна одмазда на радикалните кругови“, се вели соопштението.

Салвини, кој на власт дојде со слоганот „Италијанците пред сите“, опозицијата често го обвинува дека поттикнува расистички, антиемигрантски и исламофобни тензии.

На локално ниво членовите на неговата партија Лига секогаш жестоко се борат проитв изградбата на џамии.

Нападот врз џамиите во Крајстчрч во Нов Зеланд го изврши австралискиот екстремист Брентон Тарант, заговорник на надмоќта на белците, при што уби 49 луѓе и потешко рани уште 20.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top