Изненадување: Барселона отпочна преговори со португалскиот напаѓач

Многумина фудбалери се поврзуваат со екипата на Барселона, но пред се тука е српскиот голгетер од Франкфурт, Лука Јовиќ..

Меѓтуоа, покрај Јовиќ, на „Камп Ноу“ би можел да пристигне и португалскиот напаѓач, Андре Силва. Овој 23-годишник моментално е на позајмица од Милан во Севиља каде на 36 меча постигна 11 погодоци.

Сепак повеќе од сигурно е дека Севиља нема да го откупи бидејќи Милан за него бара 35 милиони, но затао пак Каталонците се подготвени да издвојата толкава сума и преговорите наводно веќе се започнати.

Неговиот ангажман во Барселона, самиот по себе би бил изненадување. Сепак вреди да се напомене дека и понатаму прв избор е Јовиќ за кој ќе се понудат 50 милиони евра, а во случај да не успеат со него,  скоро па сигурно ќе го гледаме Португалецот од идната сезона во дресот на Барса.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top