Јанакиески со болки во бубрезите однесен в болница, па е вратен во Шутка

Поранешниот министер Миле Јанакиески кој се наоѓа во притвор со болки во бубрезите вечерва бил однесен на преглед во болницата „8 Септември”, а подоцна бил вратен во Шутка..

Јанакиески во Ургентниот центар на болницата бил примен околу 19 часот и веднаш му биле направени лабораториски анализи, ехо преглед, снимање и бил прегедан од лекар. Откако добил терапија, затворската полиција повторно го вратила во затворот во Шутка. 

Јанакиески денеска беше спроведен во Кривичниот суд на судењето за случајот „Талир”.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top