Јанкулоска е на боледување, „Титаник“ одложен за 2 мај

Судот го одложи рочиштето за случајот „Титаник“.

Судот го одложи рочиштето за случајот „Титаник“ во кој се обвинети 21 лице за изборни измами, поради фактот што сè уште нема донесено одлука за изземање на судиите во овој предмет.

На денешното судско рочиште не се појави обвинетата ексминистерка Гордана Јанкулоска, нејзината адвокатка Сања Алексиќ рече дека Јанкулоска има отворено боледување поради нарушена здравствена состојба, кое ѝ истекува утре, по што ќе биде познато дали боледувањето ќе ѝ биде продолжено или прекинато.

Судот ја отповикал наредбата за донесување од куќен притвор на обвинетите Едмонд Темелко и Мумир Пепиќ, поради неможноста да се одржи денешното рочиште.

Судијата Осман Шабани следното рочиште го закажа за 2 мај, за кога ѝ е упатена покана на Јанкулоска и двајцата адвокати Димитар Дангов и Петар Василев, кои не се појавија на денешното судско рочиште.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top