Јанушев бара кривична одговорност за Русковска, зашто дозволила Јанева да прати допис од притвор

Во прилог на тоа, тој го цитира 178 став 5 од Законот за кривична постапка, каде се наведува дека:„Притвореникот може да се допишува со лица надвор од затворот со знаење и под надзор на органот што ја спроведува истражната постапка“..

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска треба кривично да одговара, бидејќи, според него, дозволила Катица Јанева да испрати допис со кој се префрлуваат предметите на СЈО во ЈО додека била во притвор во рамки на предметот „Рекет“.

„Русковска требаше веднаш да забрани вакви дописи да бидат испраќани од страна на Катица Јанева, бидејќи таа со истите овозможи незаконско преземање на предмети на ЈО од СЈО, а посебно и предмети за кои е осомничена дека ги злоупотребувала за политички притисоци и изнуда на пари. После се ова, јасна е спрегата помеѓу криминално-рекетарската банда на СДСМ на чело со Заев, со Јовески и Русковска и оди во прилог на тезата за директната вмешаност на власта во случајот Рекет, а можеби и во други случаи рекет 2, 3, 4 итн“, напиша Јанушев на фејсбук.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top