Јапонска компанија измисли паметна маска која преведува осум јазици

Со оглед дека заштитните маски станаа дел од секојдневието, јапонскиот стартап „Донат Роботикс“ се сети на една интересна иновација – креира паметна маска која е дизајнирана за олеснување на комуникацијата за време на физичката дистанца..

Паметната маска Си-Фејс може во комбинација со апликација да препише диктат, да го зголеми волуменот на тонот на корисникот и да го преведе говорот на осум различни јазици, пишува Си-ен-ен.

Со оглед на тоа дека има отвори на предната страна заради циркулација на воздух, Си-Фејс не може сама по себе да понуди заштита од ковид-19. На место тоа, дизајнирана е за олеснување на комуникацијата и носење преку стандардна маска за лице.

Оваа нова маска е направена од пластика и силикон, а има вграден микрофон кој преку Блутут се поврзува со мобилен телефон на корисникот и може од јапонски да преведе на кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански и француски, како и обратно.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top