Јувентус може да здивне, повредата на Манџукиќ не е сериозна

Јувентус синоќа го победи Киево со 3:0, но се соочи со проблем откако во 83.минута теренот пред време мораше да го напушти Марио Манџукиќ..

Хрватскиот интернационалец се пожали на болка во коленото со кое и онака имаше големи повреди во минатото, па се стравуваше дека потворно го чека пауза.

Но лекарските прегледи покажаа дека манџукиќ добил само посилен удар при еден дуел, а на тренерот Масимилијано Алегри му одлесна откако разбра дека може да смета на овој играч на првиот дуел од Лигата на шампиони.

Јувентус на стартот од новата сезона во елитниот шампионат ќе се соочи со Барселона, екипата која лани ја елиминираше во четвртфиналето.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top