Јувентус подготви 300 милиони, четворица кандидати за наследник на Роналдо

Раководството на Јувентус донесе четиригодишен план почнувајќи од 2020 година, а главната цел на клубот ќе биде да се донесе „нов Роналдо“, само помлад..

Прва цел на „Старата Дама“ ќе биде Нејмар, ПСЖ ја одби понудата од 100 милиони плус Дибала претходното лето, но Јуве не планира да се откаже. 

Останатите тројца се Мбапе, Пол Погба и Жоао Феликс иако по ефективноста само првиот може да се спореди со Роналдо.

Пазарот веќе се анализира и кон почетокот на 2020 година ќе биде донесена конечна одлука со кого ќе почнат преговорите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top