Каков меч: Куп пресврти, Тим го победи Ѓоковиќ!

Доминик Тим е првиот полуфиналист на завршниот Мастерс откако по тричасовна борба го совлада Новак Ѓоковиќ во второто коло..

Австриецот славеше со 2-1 иако го загуби првиот сет во тај-брејк. Вториот го доби со 6-3, а во третиот видовме неверојатен тениски спектакл. Тим направи брејк уште во првиот гем, водеше до 3-2 кога Ѓоковиќ возврати, а потоа имаше и 5-6 пред да сервира за триумф во 12. гем.

Ноле повторно успеа да се спаси и се чинеше дека со својата ментална сила ќе успее да дојде до втората победа на турнирот. Во тај-брејкот имаше 3-0, но потоа Тим направи голем пресврт и со 7-5 дојде до значајната победа.

Во последното коло австрискиот тенисер ќе игра со Беретини, но тој меч нема никакво резултатско значење бидејќи Италијанецот е веќе елиминиран, а Тим ќе биде прв во групата. Ѓоковиќ ќе игра директен дуел со Роџер Федерер за пласман во полуфиналето. Од тој меч му зависи дали ќе остане во игра за првото место на АТП листата на крајот од сезоната.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top