Категорично НЕ за Албанија: Руфати сака да игра само за Македонија

Албанија со засилено темпо продолжува да „ровари“ помеѓу нашите фудбалски таленти и да ги краде на Македонија..

Сепак има и такви примери каде што фудбалерот одбива да го промени националниот дрес, а доказ за тоа е Агрон Руфати, членот на нашата селекција за играчи до 19 години.

Ова момче е родено во Хрватска, но неговиот татко е по потекло од Гостивар. Моментално игра за Истра, а е продукт на школата на Динамо Загреб.

Руфати иако имал покана од страна на  У-21 селекцијата на Албанија, сепак одбил да заигра за нив, а сето тоа од причина што сака да продолжи да игра само за Македонија



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top