Керик ги шокираше сите: Сер Алекс не сакаше да се пензионира, но мораше

По 26 година на клупата на „црвените ѓаволи“, Фергусон си замина во 2013 година, а потоа следеа проблемите на великанот кој во неговата ера доминираше со англискиот фудбал..

Поранешниот фубдалер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик отки дека Сер Алекс Фергусон не сакал да си замине, но едноставно морал.

„Го паметам секој детал. Шефот одржа многу емотивен говор. Рече: Гледајте момци, не сакав тоа да го сторам на ваков начин, сакав прво да ви кажам и разочаран сум од се како испадна. Приморан сум да ви кажам на вакво начин бидејќи се се дозна синоќе. Некој се открил“ ги пренесе Керик зборовите на Ферги и продолжи:

„Чуствувам дека морам да бидам со сопругата бидејќи нејзината сестра почина. Со вас уживав секоја минута. Не сакав да заминам, но морав да ја донесам таа одлука“ ова се зборовите кои Сер Алекс ги кажал на простувањето од Јунајтед, а кои во јавноста ги откри Керик.

Фергусон за 26 години освои 38 титули, а после него во пет години на клупата беа Дејвид Мојс, Луис ван Гал и Жозе Мурињо.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top