Ким Џонг Ун го покани Доналд Трамп да го посети Пјонгјанг

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го посети Пјонгјанг во писмо испратено во август, објави јужнокорејски весник, повикувајќи се на дипломатски извори, јави Гардијан..

Писмото, второ кое Трамп го доби од Ким минатиот месец, додека преговорите на двете земји за денуклеаризација на Северна Кореја се во застој, е испратено пред минатонеделните тестирање на ракети со краток дострел од Северна Кореја.

Во второто писмо, испратено до Трамп во третата недела од август, Ким напишал дека е подготвен за нов самит со Трамп, изјави еден извор за весникот Џунганг Илбо.

Белата куќа, Стејт департментот и севернокорејската мисија при ОН не одговорија на прашањата за да ја потврдат информацијата.

Трамп и Ким се состанаа трипати од јуни минатата година за да разговараат за начините за решавање на кризата поврзана со севернокорејската ракетна и нуклеарна програма, но не е постигнат значителен напредок.

Тие последен пат се состанаа во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи во јуни и се согласија да се обноват преговорите на ниво на работни групи кои се во застој од вториот неуспешен самит на двајцата лидери во февруари во Виетнам.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top