Ким Џонг-ун ќе се сретне со Путин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе отпатува во Русија во вторито дел од овој месец на средба со претседателот Владимир Путин, објави денеска Кремљ..

„Посетата ќе се случи во втората половина на април” , е наведено во соопштението од Кремљ. Не се прецизира местото на состанокот. Ова ќе биде прва посета на Ким на Русија.

Посетата на Ким доаѓа во времето кога американскиот претседател Доналд Трамп се обидуваат да го спроведат договорот со Северна Кореја за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Претходните два состанока на Трамп со Ким не доведоа до решение , така што американската администрација најавува и трет состанок.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top