Ким Џонг-ун се појави во јавност по 22 дена

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска првпат се појави во јавност по три недели отсуство..

Тој го посети мавзолејот во Пјонгјанг каде се чуваат балсамираните тела на неговиот татко и дедо, јавија севернокорејските медиуми.
Ким го посети мавзолејот на 78 години од раѓањето на неговиот татко Ким Џонг-ил.

Шеснаесетти февруари или Денот на сјајната ѕвезда е важен празник во Северна Кореја, каде политичката класа го следи култот на личноста на владејачкото семејство. Ким Џонг-ил почина во 2011 година.

Исчезнувањето на Ким од јавноста ги поттикна спекулациите дека тој се плаши од новиот коронавирус, кој се шири во Азија и во светот.

Засега нема информации за евентуално заразени лица со новиот коронавирус. Севернокорејските медиуми неодамна објавија дека се спроведува 30-дневен карантин за сите лица за кои се сомнева дека се заразени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top