Ким: Многу ми е жал за инцидентот

Се додава дека повеќе од 10 истрели биле испукани кон јужнокорејскиот службеник како дел од контролните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот..

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека му е многу жал за инцидентот во кој севернокорејската армија уби и запали јужнокорејски службеник, објави јужнокорејското претседателство.

Британските медиуми наведуваат дека Северна Кореја во писмото признава дека војниците го запалиле бродот во кој бил службеникот, откако неговото тело исчезнало, и дека лидерот Ким се надева дека инцидентот нема да ја наруши довербата меѓу двете Кореи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top