Ќе го разгледува ли Уставен законот за употреба на јазиците?

Иницијатива, законот за употреба на јазиците да биде под лупа на Уставниот суд..

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски бара судиите да ја оценат уставноста на законот. Според него, неуставно е објавен во Службен весник без потпис на претседателот Иванов. Кекеновски со предлог – времено да се запре примената за законот.

„Јас нема  ништо против употребата на јазици. Јас имам против каубојскиот начин на однесување, односно противправното насилие со кое дрско се крши Уставот и законите на РМ. Амандманот 18 и амандманот 5 во директна спротивност со овие два амандмани е законот за јазици којшто е усвоен во Собранието на РМ со недоволниот број којшто го налага бројот на пратеници коишто треба да гласаат“, изјави универзитетскиот професор по уставно право Јове Кекеновски.

ВМРО ДПМНЕ, пак, во понеделник ќе поднесе иницијатива до Уставен. Но затоа бараат кривична одговорност за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“.

„Џафери, Ибраими и Костовски извршиле свесно загрозување на уставниот поредок бидејќи јасно е пропишана процедурата за прогласување на законот. Пријавените, свесно спротивно на Уставот на Република Македонија, со прогласувањето и стапувањето на силата на Законот за употреба на јазиците, воведуваат двојазничност на цела територија на Република Македонија, со што го рушат Уставниот поредок на државата“, изјави генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев.

Владата преку соопштение информира дека законот не штети на унитарноста на државата. За тврдењето дека на територијата ќе се спроведе двојазичност, од „илинденска“ тоа го оценуваат како манипулација. Тврадт дека нема да има нови вработувања.

„Вистината е дека Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазиците, како што предвидува законот и како што беше утврдено со политичкиот  договор за негово донесување, кадровски ќе бидат екипирани од постоечките човечки реурси во министерствата, агенциите и секретаријатите“, соопштија од владата.

Дека собраниската процедура е запазена тврдеше и собранискиот спикер Џафери, а според него кочничар бил Иванов што не го потпишал законот. Шефот на државата пак е на ставот е незаконски и очекува правна разврска. Законот за употреба на јазиците предвидува, албанскиот или јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во населените места, да се употребува официјално во администрација.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top