Клоп: Ливерпул е голем клуб, душата и срцето не може никој да ги купи!

Фелипе Кутињо е веќе минато за Ливерпул, а Јирген Клоп им испрати јасна порака на фановите, со кои сигурно ќе ги освои..

Ливерпул на име на отштета доби од Барселона 160 милиони евра, кои сигурно ќе ги употреби, а доколку се види и трансферот на Виргил Ван Дајк, скоро и сите ќе ги потроши.

Ван Дајк го чинеше Ливерпул 88 милиони евра, а како што се најавува и трансферот на Риад Марез 55 милиони евра, тоа ќе биде приближно сума на пари која ја добија од заминувањето на Кутињо.

Но Клоп потенцираше дека душата на Ливерпул нема кој да ја купи.

Ливерпул е голем и силен клуб, дури и кога остануваме без важен играч, ние сме голем клуб. Играчите доаѓаат и заминуваат, но душата на овој прекрасен клуб не е на продажба, иако сум сигурен дека повеќе клубови би ја купиле“, смета Германецот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top