Клоп: Ниту една екипа не ни дозволи да победиме со 6:0

По вчерашната минимална победа од 1:0 на гости кај Хадерсфилд, менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп потенцираше дека неговата екипа дава максимум за да постигне победа, пред се убедлива, но и тоа не е така лесно на теренот..

– Не споредуваат со нашите победи и игрите кога беше 6:0, но оваа сезона ниту еден ривал не ни дозволи да победиме со 6:0. Моравме да се подобриме, а тоа го направивме во одбраната – сега имаме 23 бодови од девет натпревари, нешто што не беше за очекување, изјави Клоп.

Голот за победа на „црвените“ го постигна Мохамед Салах и со тоа ја прекина серијата без гол на неколку дуели.

Ливерпул е на делба на првото место со Манчестер Сити со по 23 поени, а двата тима имаат примено по три гола, но „граѓаните“ имаат гол разлика + 23, а Ливерпул +13.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top