Кој би рекол: Напаѓачкото трио на М. Јунајтед сезонава е подобро од она на Ливерпул

Актуелниот европски првак Ливерпул сезонава доминира во Премиер лигата и како што стојат работите е на добар пат конечно да ја подигне толку посакуваната титула..

Од друга страна Манчестер Јунајтед предводен од Оле Гунар Солскјер и сезонава се мачи и игра доста променливо што се гледа и по резултатите.

„Црвените ѓаволи“ летово се ослободија од напаѓачите Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, а не доведоа алтернативна замена, но бројките велат дека и покрај тоа ситуацијата е одлична.

Имено напаѓачкото трио на Манчестер Јунајтед, Рашфорд (19), Марсијал (11) и Гринвуд (9), вкупно имаат постигнато 39 гола, што е за еден повеќе од триото на Ливерпул, Салах (14), Мане (15) и Фирмино (9) кои имаат вкупно постигнато 38 погодоци.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top