Конечно мрднаа работите на Олд Трафорд: Јунајтед на преговори со српската ѕвезда

Со оглед на тоа што Пол Погба се поверојатно заминува од Манчестер Јунајтед, раководството на клубот тргна по негова замена..

Изборот паднал на Сергеј Милинковиќ Савиќ кој беше интересен за „ѓаволите“ уште во периодот додека на клупата седеше Жозе Мурињо. 

Тогаш Лацио не сакаше да го пушти еден од своите најдобри играчи, но во меѓувреме неговата цена почна да паѓа, па најверојатно ќе се ослободи од него ова лето.

Јунајтед е подготвен да плати 80 милиони евра, а со оглед на тоа што Јувентус се откажа од српскиот репрезентативец, веројатно нема да има проблеми тој да се пресеи на Олд Трафорд.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top